„Џокер“, филмот кој за првпат ќе раскаже како комичарот Артур Флек станал еден од најоткачените стриповски негативци и најголем непријател на Бетмен, ќе има светска премиера на 76. издание на престижниот филмски фестивал во Венеција, што е редок случај за ваков тип на филм.
Со Хоакин Феникс во насловната улога, филмот на Тод Филипс е опишан како „истражување на човекот кој е отфрлен од општеството, што не е само студија на карактерот, туку поширока предупредувачка приказна“.
Првиот трејлер за филмот досега беше прегледан повеќе од 50 милиони пати и доби одлични критики.
„Порано мислев дека мојот живот е трагедија, но сега сфаќам дека е комедија“, вели Флек во трејлерот.
„Џокер“ доаѓа во кината на 4 октомври, додека фестивалот во Венеција почнува на крајот на август.