ЏОНИ ДЕП ПРИНУДЕН ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД СЕРИЈАЛОТ „ФАНТАСТИЧНИ ЅВЕРКИ“

Лондон, (Индипендент)

Џони Деп веќе нема да глуми во филмската франшиза „Фантастични ѕверки“, објави тој на Инстаграм. Ова следува откако Деп неодамна го изгуби судскиот спор со весникот „Сан“, во врска со текстот во кој беше наречен тепач на жени. Холивудската ѕвезда го тужеше весникот за тврдењата дека физички ја нападнал бившата сопруга Амбер Хрд, што тој го негира.

Деп најави дека ќе ја обжали одлуката на судот и потврди дека од „Ворнер брос“ од него побарале да се повлече од спинофот на „Хари Потер“.

„Се согласувам и ќе го почитувам тоа барање. Ви благодарам на сите кои ме поддржавте изминативе денови“, напиша глумецот.

Тој играше во двата дела на „Фантастични ѕверки“, а третиот е во продукција, чија премиера е закажана за лето 2022.