„ДИЗНИ“ ЌЕ ПРАВИ НОВА ВЕРЗИЈА НА „САМ ДОМА“

Њујорк, (Вараети)

„Дизни“ за својата стриминг платформа ќе прави нова верзија на хит-комедијата „Сам дома“, но главниот лик нема да се вика Кевин Мекалистер, што го прослави Меколи Калкин.

Во главната улога ќе биде 10-годишниот Арчи Јејтс, кој дебитираше на филм во еден од оскаровските кандидати „Зајакот Џоџо“ и филмот ќе следи слична премиса како од оригиналната франшиза.

„Сам дома“ излезе во 1990 година и не само што заработи 476 милиони долари, туку и остана една од омилените комедии на сите времиња, за што придонесоа и несмасните криминалци Џо Пеши и Даниел Стерн, кои провалуваат во домот на Калкин. Две години подоцна беше снимено и продолжение, кое исто така беше голем хит.