„ДИЗНИ“ ЌЕ СНИМА РИМЕЈК НА „САМ ДОМА“

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

„Дизни“ објави дека ќе снима римејк на филмот „Сам дома“ за нивниот нов стриминг сервис.
Директорот на филмското студио Боб Игер кажа дека ќе има нови верзии и на други филмови како „Ноќ во музејот“.

„Дизни“ ги поседува правата откако го купи филмското студио „20th Century Fox“.

Новиот сервис „Дизни +“ во САД ќе стартува во ноември во САД, а во Велика Британија се очекува следната година.

Популарниот филм со Меколи Калкин  излезе во 1990 и имаше четири продолженија. Сѐ уште нема информации кој ќе глуми во римејкот, но „Дизни“ вели оти се надеваат дека „ќе ги има истите стандарди и истата креативна дисциплина како и оригиналот“.