„ДИЗНИ“ ВТОРПАТ ВО ИСТОРИЈАТА ОСТВАРИ ЗАРАБОТКА ОД СЕДУМ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Лос Анџелес, (АФП)

Во пресрет на спојувањето со „Фокс“ во првата четвртина на 2019, „Дизни“ објави дека е најуспешното филмско студио оваа година, со заработени седум милијарди долари.

Ова е само вторпат во историјата едно студио да ја надмине оваа граница, а претходно му успеа исто така на „Дизни“ во 2016 година, кога заработи засега рекордни 7,6 милијарди долари. „Дизни“ дополнително ќе може да ги подобри своите бројки, бидејќи допрва се очекува премиерата на „Враќањето на Мери Попинс“, на кој му се предвидува голем успех во пресрет на празниците.

До 9 декември, „Дизни“ заработил 4,069 милијарди долари на светските кино благајни, како и 2,948 милијарди на домашен терен.

Притоа, четири од најуспешните осум премиери за оваа година ѝ припаѓаат на групацијата „Дизни“.

  • „Одмаздници: војна на бесконечноста“ („Марвел“): две милијарди долари
  • „Црниот Пантер“ („Марвел“): 1,347 милијарди
  • „Неверојатните 2“ („Пиксар“): 1,241
  • „Ентмен и Васп“ („Марвел“): 622,6 милиони
  • „Соло: приказна од војна на ѕвездите“ („Лукасфилм“): 393,2
  • „Ралф го урива интернетот“ („Волт Дизни“): 258,9 (сѐ уште игра)
  • „Кристофер Робин“ („Волт Дизни“): 197,4
  • „Војна на ѕвездите: последниот Џедај“ („Лукасфилм“): 292,2 милиони (во 2018)