ДОНАЛД ТРАМП ДОБИ ДВЕ НОМИНАЦИИ ЗА ЗЛАТНА МАЛИНА

Њујорк, (АП)
WASHINGTON, DC - JANUARY 09: U.S. President Donald Trump (3rd L) speaks to members of the media as (L-R) Sen. John Barrasso (R-WY), Sen. John Thune (R-SD), Vice President Mike Pence, Sen. Roy Blunt (R-MO), and Senate Majority Leader Sen. Mitch McConnell (R-KY) listen at the U.S. Capitol after the weekly Republican Senate policy luncheon January 09, 2019 in Washington, DC. Trump met with GOP lawmakers to shore up their resolve and support for his proposed border wall with Mexico as the partial federal government shutdown drags into a third week. (Photo by Alex Wong/Getty Images)

Иако не е актер, Доналд Трамп ќе има можност по вторпат да освои Златна малина, спротивност на Оскарите, со кои се наградува најлошото во Холивуд.

Американскиот претседател, кој доби Златна малина во 1991 година за споредна улога во „Духовите не можат да го направат тоа“, е номиниран за два документарни филма, „Смрт на нација“ и „Фаренхајт 11/9“, иако во нив се појавува само во архивски снимки. Тој ќе има силна конкуренција во Џони Деп, Вил Ферел, Џон Траволта и Брус Вилис.

Трамп и „неговата самоодржувана милост“ се номинирани за најлоша комбинација на филм, додека првата дама Меланија Трамп доби номинација за најлоша споредна улога за своето појавување во „Фаренхајт 11/9“, во режија на оскаровецот Мајкл Мур.

За најлош филм ќе конкурираат „Готи“, комедиите „Холмс и Вотсон“ и „Среќни убиства“, „Робин Худ“ и „Винчестер“. „Готи“, „Холмс и Вотсон“ и „Среќни убиства“ доминираат со по шест номинации.

Имињата на добитниците ќе бидат објавени на 23 февруари, традиционално, ден пред Оскарите.