„Дулитл“ и еротскиот трилер „365 дена“ конкурираат за најмногу златни малини оваа година, откако добија по шест номинации.
Најновата адаптација на приказната за докторот кој зборува со животни му донесе две номинации на Роберт Дауни Џуинор: за најлош актер и за најлош тандем на филм за „обидот за велшки акцент“. Филмот беше оценет како катастрофален од голем број критичари.
„365 дена“ е полски римејк на „Педесет нијанси сиво“, против кој се водеше кампања да биде повлечен од „Нетфликс“.
За најлош филм се номинирани е „Музика“, документарецот „Апсолутен доказ“ и „Остров од фантазии“. Освен Дауни, и оскаровката Ен Хатавеј доби две номинации за најлоша актерка („Вештерки“ и „Последната работа што ја сакаше“).
Руди Џулијани, адвокатот на Трамп, е номиниран за најлоша споредна улога за појавувањето во „Борат 2“.