Црвената боја доминираше на свеченото доделување на телевизиските награди Еми, кое се одржа со четири месеци одложување поради штрајкот на холивудските актери и сценаристи.
Актерите и авторите на сериите кои се собраа да ги прослават најдобрите за 2023 година се соочија со предизвикот да му помогнат на црвениот тепих да си го оправда своето име, без разлика каква боја е подот под нивните стапала, во случајов сив килим.
Сериите „Следоред“ (Succession), „Мечка“ (The Bear) и „Кавга“ (Beef) се големите победници. „Следоред“ по третпат е прогласена за најдобра драмска серија и освои вкупно седум награди. Во конкуренција на хумористични серии, апсолутен триумф оствари „Мечка“, која однесе дури десет награди од 13 номинации.
Фото: Сара Снук (Гети)