ФИЛМОТ ЗА АРЕТА ФРЕНКЛИН СО ЏЕНИФЕР ХАДСОН ВО КИНАТА НА 25 ДЕКЕМВРИ

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

Место во август, филмот за музичката дива Арета Френклин поради пандемијата на коронавирусот премиерно ќе се прикаже на 25 декември и тоа во ограничен број кина.

Продукцијата објави нов трејлер за биографскиот филм „Почит“ со оскаровката Џенифер Хадсон во главната улога. Во него играат и Форест Витакер, Мери Џеј Блајџ и Квин Латифа, а режисер е Лизл Томи.

Филмот е насловен по легендарната песна од 1965 година „Почит“ (Respect). Френклин почина во 2018 на 76 години.