Биографскиот филм за Елтон Џон, „Рокетмен“, премиерно ќе се прикаже на Канскиот фестивал. Филмот за легендарниот британски музичар со Тарон Еџертон во насловната улога ќе се прикаже на 16 мај.

Режисер е Декстер Флечер, кој го замени Брајан Сингер во финишот на снимањето на „Боемска рапсодија“, откако тој беше отпуштен.

Сер Елтон Џон е продуцент на филмот, кој се најавува како музичко-биографски хибрид. Во Велика Британија ќе игра од 24 мај.

Седумдесет и второто издание на Канскиот фестивал ќе трае од 14 до 25 мај, а ќе се отвори со новиот зомби филм на Џим Џармуш, „Мртвиот не умира“.