ФИНЧЕР ЌЕ РЕЖИРА ПРОДОЛЖЕНИЕ НА „БЕШЕ ЕДНАШ ВО ХОЛИВУД“, СО БРЕД ПИТ ВО ГЛАВНАТА УЛОГА

Лос Анџелес, (Вараети)

Бред Пит ќе биде ѕвездата на продолжението на „Беше еднаш во Холивуд“, што нема да го режира Квентин Тарантино, туку Дејвид Финчер, објавија холивудските медиуми.

Пит го глуми каскадерот Клиф Бут во хитот на Тарантино од 2019. Дејството на новиот филм не е познато, но „Холивуд рипортер“ објави дека ќе биде „дериват“ на оригиналот, наместо продолжение. Тарантино објави роман за филмот во 2021, во кој се изнесени повеќе детали за животот на Бут.

Се верува дека Тарантино бил против тоа да го режира новиот филм, па му дозволил на Пит да му го понуди сценариото на Финчер.

За разлика од оригиналот, филмот нема да го прави „Сони“, туку „Нетфликс“, со кој Финчер ги сними своите последни два филма.