ГАЛ ГАДОТ ЌЕ ЈА ГЛУМИ КРАЛИЦАТА ВО НОВАТА ВЕРЗИЈА НА „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Гал Гадот, најпозната по улогата на Вондер Вуман, ќе ја игра злобната кралица во новата верзија на „Снежана и седумте џуџиња“ на „Дизни“. Анимираниот филм снимен според бајката на браќата Грим излезе во 1937 и беше првиот долгометражен филм на „Дизни“.

Насловната улога ќе ја игра 20-годишната Рејчел Зеглер, ѕвездата на новиот филм на Стивен Спилберг „Приказна од западната страна“, кој треба да излезе во декември. Се очекува снимањето да почне во 2022, во режија на Марк Веб, кој стои зад „Чудесниот Спајдермен“.

На песните за филмот работат Бенџ Пасек и Џастин Пол, дуото наградено со Оскар и Тони, кои работеа на „Ла ла ленд“ и „Величествениот шоумен“.