Војводата и војвотката од Сасекс кажаа дека отсекогаш биле фанови на музиката и пораката на Боб Марли откако изненадувачки се појавија на премиерата на биографскиот филм за легендарниот реге пејач во Јамајка. Принцот Хари и неговата сопруга Меган беа снимени во друштвото на премиерот на Јамајка, Ендрју Холнес, на премиерата на „Боб Марли: Една љубов“, а на црвениот тепих им се придружија и актери и музичари.

Во филмот, кој официјално ќе биде објавен следниот месец, главните улоги ги толкуваат Кингсли Бен-Адир како Боб Марли и Лашана Линч како неговата сопруга Рита.
„Филмот ги слави животот и музиката на иконата која инспирираше бројни генерации преку неговата порака за љубов и единство“, се вели во најавата на филмот.