Седумдесет и осумгодишниот Харисон Форд ќе мора да го оперира рамото по повредата на снимањето на петтиот филм од серијалот „Индијана Џонс“. Работата на филмот сепак нема да биде запрена. Според холивудските медиуми, легендарниот актер се повредил снимајќи акциона сцена со воз во студијата „Пајнвуд“ во Англија.

„Дизни“ објави дека режисерот Џејмс Менголд ќе продолжи да ги снима сцените без Форд додека тој не заздрави, но, според медиумите, на екипата ѝ било кажано дека можеби ќе треба да се паузира четири-пет недели.

Ова не е првпат Форд да се повреди на снимање на филм. Во 2015 скрши нога на сетот на „Војна на ѕвездите: Силата се буди“.

„Индијана Џонс 5“, кој засега нема официјален наслов, се очекува да излезе во 2022.