ИДРИС ЕЛБА ЌЕ ГО ЗАМЕНИ ВИЛ СМИТ ВО „ОДРЕДОТ НА ОТПИШАНИТЕ 2“

Лос Анџелес, (Индипендент)

Вил Смит нема да глуми во продолжението на „Одредот на отпишаните“, туку во улогата на Дедшот ќе го замени британскиот актер Идрис Елба.

Според „Вараети“, Елба се сели од „Марвел“ во „Ди-си комикс“ за оваа улога, откако претходно играше во филмовите од франшизите „Тор“ и „Одмаздници“.

Смит го напушти проектот поради неусогласување со термините за снимање. Деновиве беше објавено дека Смит ќе го игра таткото на тенисерките Серена и Венус Вилијамс во филмот насловен „Крал Ричард“.

„Одредот на отпишаните 2“, напишан од поранешниот режисер на „Чувари на галаксијата“ Џејмс Ган, ќе почне да се снима во септември, а премиерата е најавена за 6 август 2021.