Филмското студио „Јуниверзал“ ги откупи правата за мемоарите на Бритни Спирс, „Жената во мене“ (The Woman in Me”) и ќе снима филм за поп-пејачката.
Режисер ќе биде Џон М. Чу, режисер на „Откачени богати Азијци“, а продуцент е Марк Плат, кој беше продуцент и на оскаровецот „Ла ла ленд“.
Мемоарите на Спирс излегоа лани во октомври и се продадоа во над 2.5 милиони примероци.
Четириeсет и двегодишната Спирс на платформата Икс објави дека е „среќна што ќе соработува со Марк Плат и дека тој работел на нејзините омилени филмови“.
Фото: Гети