Популарната црна комедија од 1980-тите „Војна на розите“ (The War of the Roses) ќе добие римејк, а во главните улоги сега ќе бидат Бенедикт Камбербач и Оливија Колман. Студиото „Срчлајт“ објави дека новата верзија ќе ја прават режисерот на „Остин Пауерс“, Џеј Роуч и сценаристот на „Кутрите“, Тони Мекнамара.
„‘Војна на розите‘ е многу смешна, но длабоко човечка приказна. Со Џеј, Бенедикт, Оливија и Тони имаме тим од соништата кој ќе ја оживее оваа приказна“, објави студиото.
Оригиналниот филм со Мајкл Даглас и Кетлин Тарнер (фото) излезе во 1989 година и беше режиран од Дени ДеВито, кој глумеше адвокат. Филмот следи навидум совршена двојка чиј брак се распаѓа, што доведува до епска битка околу разводот.