КЕВИН ХАРТ МУ ДАДЕ УЛОГА ВО СВОЈОТ СЛЕДЕН ФИЛМ НА ЛЕКАР ОД ЊУ ЏЕРСИ

Лос Анџелес, (Скај)

Холивудскиот актер и комичар Кевин Харт му даде улога на американски доктор во неговиот следен филм.

Харт му ја додели наградата на Хенри Ло, анeстезиолог од Њу Џерси, откако тој учествуваше во хуманитарната акција која ја лансираа холивудските ѕвезди, „Предизвик за сите“, со цел да им се помогне на најпогодените граѓани од пандемијата. Актери, пејачи, спортисти и други јавни личности понудија разни предмети или искуства во замена за донација.

Ло донирал неколку стотина долари и за тоа доби улога со реплика, како и асистент, превоз, гардероба и престој во хотел со пет ѕвезди во периодот додека се снима филмот.

За предизвикот досега се понудени над 400 награди и за четири недели се собраа повеќе од 42 милиони долари.