Кевин Спејси ќе се појави на филм за првпат откако беше обвинет за недолично сексуално однесување.
Двократниот оскаровец остана без низа ангажмани, вклучувајќи ја и главната улога во хит-серијата „Куќа од карти“, откако минатата година актерот Ентони Рап откри дека тој се обидел да го заведе кога имал само 14 години, по што излегоа и неколку други непријатни обвинувања против него.
Спејси тогаш кажа дека не се сеќава на инцидентот, но јавно му се извини на Рап, по што одлучи да се повлече од јавноста на некое време.
Паузата сега е готова, бидејќи наредниот месец во кината доаѓа филмот „Клуб на милијардери“, вистинска приказна за измамникот Рон Левин, кој беше снимен уште пред две години. Покрај Спејси, во филмот играат и Терон Еџертон, Ема Робертс и Сјуки Вотерхаус.
Спејси во меѓувреме беше отстранет и од филмот „Сите пари на светот“ и заменет со Кристофер Пламер, кој за улогата беше номиниран за Златен глобус и Оскар.