АКО СЕ КАНДИДИРАМ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ИЛЈАДА ОТСТО ЌЕ ГО ПОБЕДАМ ТРАМП, ВЕЛИ АЛЕК БОЛДВИН

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Актерот Алек Болдвин е убеден дека сигурно би победил ако реши да се кандидира за претседател на САД против Доналд Трамп во 2020 година.

„Ако се кандидирам, ќе победам! Ќе го растурам Доналд Трамп. Ќе бидам апсолутен победник, илјада отсто“, рече глумецот во интервјуто кај Хауард Стерн.

Тој, исто така, рече дека неговата кампања ќе биде „најсмешната, највозбудлива и најлуда кампања досега”.

Болдвин е актуелен со неговото имитирање на Трамп во шоуто „Сабота вечер во живо“ , за што доби Еми награда минатата година.

„Единствената причина која ме мотивира да се кандидирам е што сметам дека на таа позиција треба да биде човек со здрав разум“, рече Болдвин и додаде дека во кандидатурата го спречуваат обврските кон Еј-Би-Си и неговата сопруга, која не би се согласила.