Кинескиот блокбастер „Нежа 2“ го надмина „Опаку наопаку 2“ (Inside Out 2), станувајќи анимиран филм со најголема заработка на светско ниво. „Нежа 2“ заработи 1,69 милијарди долари досега, со што е осмиот најуспешен филм на сите времиња во поглед на приходите.
Околу 99% од заработката на „Нежа 2“ доаѓа од Кина, наспроти холивудските филмови, кои повеќе се потпираат врз поширока дистрибуција.
„Нежа 2“ е продолжение на хитот „Нежа“ од 2019. Заснован врз кинески роман од 16. век, филмот го следи момчето со магични моќи Нежа кое се обидува да го одбрани утврдениот град Чентангуан. Филмот имаше премиера на Кинеската нова година.
(Фото: Гети)