Детски анимирани филмови ќе се прикажат во Кинотеката во рамките на тематската програма „Кино утро“.
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ (фото), во режија на Гоце Цветановски ќе има четири проекции: на 9 јануари од 11 часот, 13 јануари од 18 часот, 14 јануари од 18 часот и на 15 јануари од 14 часот..
Ќе се прикажат и „Мечето Падингтон“, „Планета 6793“ „Божиќната магија на животните“, „Кариран нинџа 2“, „Дедо Мраз суперхерој“ и „Соништата на еден робот“. Целосната програма е на овој линк.
.