КОМИЧАРОТ ПИТ ДЕЈВИДСОН ЌЕ ГО ГЛУМИ ПЕЈАЧОТ НА „РАМОНС“ ВО НОВ БИОГРАФСКИ ФИЛМ

Њујорк, (Вараети)

Комичарот и сценарист Пит Дејвидсон ќе го глуми панк рок пионерот Џои Рамон во новиот биографски филм на „Нетфликс“, „I Slept With Joey Ramone“. Ова беше соопштено на 20-годишнината од смртта на фронтменот на „Рамонс“.

Филмот ќе ги следи животот и кариерата на легендарниот музичар од Њујорк, кој засекогаш ја промени рок музиката откако во 1974 година ја формираше „Рамонс“, првата вистинска панк рок група. Таа не само што иницираше цела сцена во чиј центар беше клубот „ЦБГБ“, туку и британската панк револуција. Групата се растури во 1996 година, но нејзините популарност и влијание остануваат огромни. Освен Џои Рамон, и останатите тројца оригинални членови на групата се починати.

Филмот ќе биде заснован на истоимените мемоари напишани од братот на Рамон, Мики Ли.