КОМПОЗИТОРКАТА НА ВИДЕОИГРАТА „ВОРКРАФТ“ Е ПРВА ЖЕНА КОЈА ЌЕ ДИРИГИРА НА ОСКАРИТЕ

Лос Анџелес, (Индипендент)

Ирската композиторка Ејмар Нун, која ја направи музиката за популарната видеоигра „Ворлд оф воркрафт“, ќе биде првата жена која ќе диригира со оркестарот на Оскарите. На свеченоста на 92. Оскари на 10 февруари, Нун ќе раководи со 42 музичари кои ќе ги изведат петте номинирани музики.

Нун ја нарекуваат „ирска кралица на гејмерската музика“ и е една од најпочитуваните композиторки.

„Голема чест е што сум поканета да диригирам со едни од најдобрите музичари на светот во претставувањето на работата на некои од култните композитори во филмската индустрија“, изјави Нун.

За најдобра оригинална музика годинава се номинирани: Хилдур Гуднадотир за „Џокер“, Александр Деспла за „Мали жени“, Ренди Њуман за „Брачна приказна“, Томас Њуман за „1917“ и Џон Вилијамс за „Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“.