КРЕГ ЌЕ ГО ОПЕРИРА ЗГЛОБОТ, НО НЕМА ЗАСТОЈ ВО СНИМАЊЕТО НА НОВИОТ „ЏЕЈМС БОНД“

Лос Анџелес, (АП)

Актерот Даниел Крег ќе оди на мала операција на зглобот, откако се повреди на снимањето на 25. филм за Џејмс Бонд во Јамајка.

Веста беше објавена на официјалниот Твитер профил на „Џејмс Бонд“. Во соопштението стои дека продукцијата ќе продолжи за време на двонеделната постоперативна рехабилитација на Крег и дека филмот сепак ќе излезе во април 2020.

Ова е петто и последно појавување на Крег во улогата на британскиот таен агент, кој и претходно се повредуваше на снимањата.