Кристофер Нолан го објави насловот на својот нов, 11. по ред филм, што ќе излезе во лето 2020 година. Неговото име ќе биде „Tenet“, но детали за дејството не се познати, освен дека станува збор за акциона приказна за меѓународна шпионажа.
Британскиот режисер, кој зад себе има пет номинации за Оскар, успеа да собере и импресивна актерска постава, во којашто засега се Роберт Патинсон, Џон Дејвид Вашингтон, Елизабет Дебики, Арон Тејлор-Џонсон, Мајкл Кејн и Кенет Брана. Нолан, како и досега, го снима филмот според сопствено сценарио.
Студиото „Ворнер брос“ објави дека филмот ќе се смима во седум држави и дека неговата премиера е закажана за 17 јули 2020.