НОВИ САД ЌЕ ГРАДИ МУЗЕЈ ПОСВЕТЕН НА ЃОРЃЕ БАЛАШЕВИЌ

Нови Сад, (Н1)

Нов музеј што се планира во Универзитетскиот парк во Нови Сад ќе биде посветен на Ѓорѓе Балашевиќ, потврдија локалните власти. Како што објавија српските медиуми, музејот ќе се наоѓа во близина на кејот и Дунав, за кој Балашевиќ често пееше во своите песни.

Ќе се гради на простор од 500 квадратни метри и, меѓу другото, ќе содржи галерија, мултимедијална сала и меморијална сала. Засега нема информации кога ќе почне изградбата.

Балашевиќ е роден во 1953 во Нови Сад и беше член на групите „Жетва“ и „Рани мраз“, пред да почне соло кариера во 1982, во текот на која објави 12 албуми и десетици хитови. Почина на 19 февруари од последиците на коронавирусот.