Италијанскиот филмаџија Лука Гвадањино ќе режира нова верзија на романот „Американски психо“ на Брет Истон Елис. Според „Дедлајн“, Гвадањино работи на материјалот со сценаристот Скот Брнс, кој е познат по бројните соработки со Стивен Содерберг.
Романот „Американски психо“ предизвика контроверзи кога излезе во 1991 и според него беше снимен филм во 2000, со Кристијан Бејл во главната улога. Филмот го следи Патрик Бејтмен, самобендисаниот инвестициски банкар од висока класа кој е и сериски убиец.
Новата адаптација ќе се прави директно врз основа на романот, со цел да се избегнат сличности со првата филмска верзија.
Гвадањино беше номиниран за Оскар како продуцент на неговиот филм „Викај ме со твоето име“, а неодамна во Венеција го промовираше својот последен филм „Квир“ со Даниел Крег.