МАДОНА ЈА ИЗБРА ЏУЛИЈА ГАРНЕР ДА ЈА ИГРА ВО БИОГРАФСКИОТ ФИЛМ

Лос Анџелес, (Гардијан)

Џулија Гарнер ќе ја игра Мадона во биографскиот филм, што ќе го режира самата пејачка. Ѕвездата на серијата „Озарк“ ја добила улогата по долга аудиција.

Мадона пред две години објави дека ќе се снима филм за нејзиниот живот, при што го напиша сценариото заедно со оскаровката Дијабло Коди („Џуно“).

Сакам да го раскажам неверојатното патување низ кое што ме однесе животот како уметница, музичарка, танчарка, човечко суштество. Има толку многу непознати и инспиративни приказни, а кој може подобро да ги раскаже од мене“, кажа Мадона.

Дваесет и осумгодишната Гарнер освои две награди Еми за „Озарк“, а во изминатиот период беше актуелна со серијата „Измислувањето на Ана“.