МАЈКЛ Б. ЏОРДАН МЕСТО КИЈАНУ РИВС ВО НОВИОТ „МАТРИКС“

Лос Анџелес, (Индипендент)
NEW ORLEANS, LA - JULY 08: Michael B. Jordan speaks onstage during the 2018 Essence Festival on July 8, 2018 in New Orleans, Louisiana. (Photo by Paras Griffin/Getty Images for Essence)

Ѕвездата на „Блек Пантер“ и „Крид“, Мајкл Б. Џордан, ќе го замени Кијану Ривс во четвртиот дел на „Матрикс“. Студиото „Ворнер брос“ подготвува сосема нова верзија на научно-фантастичната класика, што повторно ќе ја режираат сестрите Вашовски.

Сценариото за новиот „Матрикс“ ќе го пишува Зак Пен („Неверојатниот Хулк“) и се очекува да влезе во продукција најрано во 2020.

Сѐ уште не е познато дали четвриот дел ќе биде директно продолжение на приказната, дали таа ќе има нов развој или, пак, ќе биде своевиден римејк.

Кијану Ривс не бил прв избор за ликот на Нео во трилогијата „Матрикс“, туку Вил Смит, но тој ја одбил улогата. Трите филма излегоа во 1999, 2002 и 2003.