„МАМА МИА 2“ ОД ЧЕТВРТОК ВО СКОПСКИТЕ КИНА – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА

Лондон, (Мирор)

Десет години откако блокбастерот „Мама миа“ заработи над 600 милиони долари, продолжението насловено „Мама миа: Одиме понатаму“ синоќа имаше светска премиера во Лондон, а од задутре ќе игра и во скопските кина Синеплекс и Милениум.

Модната и музичка икона Шер (Фото: Рекс/Шатерсток)

Во новиот оригинален мјузикл според песните на шведската група „АББА“ игра екипата од филмот од 2008 година, како Аманда Сајфрид, Мерил Стрип, Џили Вотерс, Кристин Варански, Пирс Броснан, Колин Фирт и Стелан Скарсгард, а за првпат се појавуваат Шер и младата Лили Џејмс.

Оскаровката Мерил Стрип (Фото: Рекс/Шатерсток)
Аманда Сајфрид (Фото: Рекс/Шатерсток)
Лили Џејмс (Фото: Рекс/Шатерсток)
Режисерот на филмот Ол Паркер со семејството (Фото: Рекс/Шатерсток)
Пирс Броснан, Колин Фирт и Стелан Скарсгард со сопругите (Фото: Рекс/Шатерсток)
Бјерн Улвеус и Бени Андерсон од „АББА“ (Фото: Рекс/Шатерсток)