„МЕДЕНА ЗЕМЈА“ ВЕЧЕРВА ПРЕМИЕРНО НА МАКЕДОКС, ОД УТРЕ И ВО СИНЕПЛЕКС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Седум месеци по победата на најголемиот американски фестивал на независен филм Санденс, македонската публика вечерва конечно ќе има можност да го види „Медена земја“.

Премиерната проекција на македонскиот кандидат за Оскар за најдобар странски филм ќе се одржи во Куршумли ан, на затворањето на фестивалот МакеДокс, кој пред неколку дена соопшти дека картите се распродадени.

Триумфот на Санденс не беше осамен успех за екипата на „Медена земја“, кој потоа освои награди и на фестивалите во Беркшир, Тел Авив, Барселона, Бидгошч, Монтклер и во Сарасота. Особено значаен беше триумфот на ДокАвив во Тел Авив, бидејќи со тоа се здоби со правото директно да биде номиниран и за Оскар за најдобар долгометражен документарен филм.

„Медена земја“ од утре ќе биде на редовниот репертоар на Синеплекс.