МЕТ ДЕЈМОН Е ОДИСЕЈ ВО НОВИОТ ФИЛМ НА НОЛАН

Лос Анџелес, (Вараети)

Мет Дејмон ќе го игра Одисеј во претстојниот епски филм на Кристофер Нолан „Одисеја“, објави продукцијата на платформата Икс.

„Мет Дејмон е Одисеј. Филмот на Кристофер Нолан доаѓа во кината на 17 јули 2026“, стои во објавената вест.

Во екипата се и Том Холанд, Мија Гот, Зендаја, Ен Хатавеј, Лупита Нјонго, Роберт Патинсон, Шарлиз Терон, Џон Бернтал и Џон Легуизамо.

Голем дел од адаптацијата на Хомеровата „Одисеја“ ќе се снима на Сицилија, каде што, според научниците, Одисеј престојувал некое време во 8. пред нашата ера. Други најавени локации за снимање се Велика Британија и Мароко.

„Новиот проект на Кристофер Нолан ‘Одисеја‘ е митски акционен еп снимен низ целиот свет со помош на сосема нова филмска технологија ајмакс. Филмот ја носи сагата на Хомер за првпат на филмските екрани ајмакс“, соопшти „Јуниверзал“ на Икс.

(Фото: Јуниверзал)