„МИНАТИОТ БОЖИЌ“ СО МУЗИКА НА ЏОРЏ МАЈКЛ ОД ДЕНЕСКА ВО СИНЕПЛЕКС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Минатиот Божиќ“ на режисерот Пол Фиг, кој содржи и необјавена музика од Џорџ Мајкл, од денеска игра во скопското кино Синеплекс.

Филмот е именуван според еден од најголемите хитови на британскиот музичар, кој почина токму на Божиќ во 2016 година.

Главните улоги ги играат Емилија Кларк, позната од серијата „Игра на тронови“, Хенри Голдин („Откачени луди Азијци“) и оскаровката Ема Томпсон. Кларк игра млада надежна пејачка, чиј идол е Џорџ Мајкл.

Режисерот Пол Фиг вели дека Мајкл подготвувал нов албум пред да почине.

„Една од тие песни ќе биде во филмот, тоа е навистина прекрасна песна и возбуден сум што светот ќе може да ја слушне“, вели тој.