МИШЕЛ ФАЈФЕР ГО УКРАДЕ СЕТО ВНИМАНИЕ НА ПРЕМИЕРАТА НА „ЕНТМЕН И ВОСП“

Лос Анџелес, (Дејли мејл)

Уште откако се појави во „Бриљантин 2“ во 1982 година, таа не престанува да воодушевува.

Мишел Фајфер покажа дека и на 60 години е сѐ уште една од најгламурозните холивудски актерки, кога се појави на премиерата на филмот „Ентмен и Восп“ во Лос Анџелес.

Таа изгледаше беспрекорно на црвеиот тепих во црн комбинезон на Ив Сен-Лоран, а ја придружуваше сопругот Дејвид Кели, со кого е во брак од 1993 година.

Мишел Фајфер со сопругот Дејвид Кели, со кого е во брак веќе 25 години (Фото: Шатерсток)

Пол Рад по три години ја повтори улогата на Ентмен, но Еванџелин Лили сега е негова рамноправна партнерка како Хоуп ван Дајн, односно Восп. Хенк Пим (Мајкл Даглас) бара помош од нив во борбата со Гоуст (Хана Џон-Кејмен), која има способност да биде невидлива и нематеријална.

Фајфер ја игра мајката на Хоуп, Џенет ван Дајн, и иако светот на суперхероите не е ништо ново за неа, имајќи предвид дека беше Жена Мачка во „Бетмен се враќа“, таа вели дека досега не го знаела ликот на Ентмен.

„Моето прво запознавање со Марвел беше преку Спајдермен и Ајрон Мен, кои многу ги сакав. Мислам дека светот на Марвел го открив преку моите деца. Тогаш го видов Ентмен и ми се допадна“, кажа Фајфер.