НИКОЛАС КЕЈЏ ЌЕ ГО ГЛУМИ НИКОЛАС КЕЈЏ ВО ФИЛМ ЗА НИКОЛАС КЕЈЏ

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Николас Кејџ е во преговори да се глуми себеси како бара улога во новиот филм на Квентин Тарантино. Насловен „Unbearable Weight of Massive Talent“, филмот ќе го режира Том Гормикан.

Според холивудските медиуми, Кејџ во филмот разговара со својата егоистичка верзија од 1990-ите, која го исмева Кејџ од иднината затоа што не е славен и снима премногу нискобуџетни филмови. Ликот на Кејџ се обидува да се справи со долгови, па затоа се согласува за еден милион долари да се појави како изненадување на роденденската забава на член на мексикански нарко картел, кој инаку е негов голем фан. Кејџ притоа ќе влезе во ликовите од некои од своите најпознати филмови.

Медиумите пренесуваат дека Гормикан му го испратил сценариото на Кејџ, со објаснување дека станува збор за љубовно писмо кон актер и не му била цел да се потсмева со него. Кејџ се заинтересирал и се согласил да го снима филмот.