НОВИОТ БОНД ФИЛМ ЗАРАБОТИ ПОВЕЌЕ ОД СВОИТЕ ПРЕТХОДНИЦИ ВО ПРВИОТ ВИКЕНД

Лондон, (Би-Би-Си)

„Не е време за умирање“ оствари поголема заработувачка во првиот викенд од прикажувањето во Велика Британија од претходните филмови за Џејмс Бонд.

Петтото и последно појавување на Даниел Крег како тајниот агент 007 заработи 21 милион фунти од петокот до неделата. Со тоа ги победи „Скајфол“, кој заработи 20,2 милиони фунти и „Спектра“ (19,8 милиони), кои досега беа на првите две места.

Светската премиера беше на 28 септември. Од 7 октомври ќе игра во Македонија, а од следниот ден и во САД.