НОВИОТ ФИЛМ „ГОСПОДАР НА ПРСТЕНИТЕ“ ЌЕ ИМА ПРЕМИЕРА ВО ДЕКЕМВРИ 2027

Лос Анџелес, (Вараети)

Голум и официјално се враќа на големото платно за Божиќ 2027. „Ворнер брос“ објави дека „The Lord Of The Rings: The Hunt For Gollum“ во режија на Енди Серкис (фото) ќе има премиера на 17 декември 2027.

Овој филм првпат беше најавен пред две години, кога беше кажано дека Серкис ќе биде режисер и ќе ја репризира улогата од оригиналната трилогија. Неговото излегување првично беше најавено за 2026.

Питер Џексон ќе биде продуцент на новиот филм, заедно со неговите постојани партнери Френ Волш и Филипа Бојенс.

Иако Ијан Мекелен (Гандалф), Орландо Блум (Леголас) и Виго Мортенсен (Арагорн) пројавиле желба да се појават во филмот, засега не се потврдени другите актери.