НОВИОТ ФИЛМ ЗА СПАЈДЕРМЕН СО ТРЕТОТО НАЈДОБРО ОТВОРАЊЕ ВО ИСТОРИЈАТА

Лос Анџелес, (Вараети)

Најновиот филм за Спајдермен ги надмина сите очекувања и не само што ја имаше најуспешната премиера во пандемијата, туку ја оствари третата најголема заработка во првиот викенд од прикажувањето воопшто.

„Спајдермен: Нема пат до дома“, третиот дел од трилогијата со Том Холанд во насловната улога, заработи 253 милиони долари во кината во Северна Америка, како и 334,2 милиони низ светот. Со вкупната заработка во првиот викенд од 587,2 милиони долари, „Нема пат до дома“ заостанува само зад „Одмаздници: Завршница“ и „Одмаздници: Бесконечна војна“.

До овој викенд, ниеден филм од ковид-ерата немаше заработено повеќе од 100 милиони долари во еден викенд, а најблиску дојде „Веном 2“ со стартни 90 милиони долари.

„Нема пат до дома“ исто така добива одлични критики и многумина го оценуваат како најдобриот од деветте филма за Спајдермен.