Објавен е трејлер за „Joker: Folie à Deux“, продолжението на хит-филмот со Хоакин Феникс. Режисерот и сценарист Тод Филипс изјави дека збореле со Феникс за продолжение уште додека го снимале „Џокер“, а Леди Гага, која ја игра Харли Квин, ја опиша како магична.
Претходно беше најавено дека „Joker: Folie à Deux“ ќе биде и мјузикл. Филмот вклучува обработки на 15 добро познати песни, но би можело да има и оригинални нумери.
Покрај Феникс, играат и Цаци Биц, Брендан Глисон, Кетрин Кинер и Стив Куган. Премиерата на филмот е на 4 октомври.