Ансел Елгорт и Хари Стајлс се меѓу петтемина актери кои се во најтесен круг за улогата на Елвис Присли во претстојниот биографски филм во режија на Баз Лурман, кој ги режираше хитовите „Големиот Гетсби“, „Мулен руж“ и „Ромео и Јулија“.

Според „Холивуд рипортер“, Елгорт, Стајлс, Арон Тејлор-Џонсон, Остин Батлер и Мајлс Телер биле тестирани за проектот на Лурман. Се очекува во наредните недели да биде познат актерот кој ќе го глуми кралот на рокенролот.

Елгорт треба да почне со снимање на римејкот на „Приказна од западната страна“, додека ѕвездата на „Ритамот на лудилото“ Телер ќе глуми во продолжението на „Топ ган“. Батлер игра во „Беше еднаш во Холивуд“, а Стајлс, член на бој бендот „Уан дајрекшн“, доби одлични критики за ролјата во „Данкирк“. Тејлор-Џонсон е најпознат по „Одмаздници: ерата на Ултрон“, како и по улогата на Џон Ленон во „Nowhere Boy“.

Потврдено е дека Том Хенкс ќе го игра Том Паркер, менаџерот кој контролирал секој аспект од животот на Присли. Филмот ќе се фокусира на подемот на Присли до врвот на славата, паралелно со неговиот однос со Паркер.