По повеќе од една година одложување, „Дизни“ одлучи да го објави „Блек Видоу“ директно на стриминг.
Блокбастерот на „Марвел“ ќе се најде во понудата на стриминг платформата „Дизни+“ од 9 јули, кога ќе почне да се прикажува и во кината. Хибридна дистрибуција ќе има и „Круела“, приквелот на „101 далматинец“, со Ема Стоун во главната улога, кој ќе има премиера на „Дизни+“ и во кината на 28 мај.
„Блек Видоу“ оригинално требаше да излезе на 20 мај минатата година.
„Дизни+“ објави дека собрал 100 милиони корисници за само 16 месеци од отворањето, а големиот успех го должи и на сериите „Мандалорецот“, „ВандаВижн“ и најновата, „Фалкон и Зимски Војник“.