Бонг Јон-хо, чиј сатиричен трилер „Паразит“ изненадувачки ги покори Оскарите во 2020, ќе прави филмска адаптација на новиот научно-фантастичен роман на Едвард Ештон, „Мики7“. Филмот ќе го снима „Ворнер брос“, а во главната улога треба да биде Роберт Патинсон.
Романот на Ештон, кој ќе биде објавен во февруари, зборува за потрошен работник на фирма кој е испратен да колонизира леден свет наречен Нифхајм. Кога ќе стигне таму, тој мора да се бори против обидите да го заменат со неговиот заменски клон Мики8.
Бонг во исто време работи на минисеријата „Паразит“, која Ејч-Би-О ја најави набргу откако филмот освои четири оскари, меѓу кои и за најдобар филм. „Паразит“ исто така стана јужнорејски филм со најголема заработка.