ПОРАДИ ПРОБЛЕМИ СО СЦЕНАРИОТО, ОДЛОЖЕНА ПРЕМИЕРАТА НА БИОГРАФСКИОТ ФИЛМ ЗА МАЈКЛ ЏЕКСОН

САД, (Си-Ен-Ен)

Планираната премиера на биографскиот филм за Мајкл Џексон, во кој глуми неговиот внук Џафар Џексон, е поместена од април во октомври, наводно поради проблеми со сценариото.

Филмот „Мајкл“, во режија на Антоан Фукуа и по сценарио на Џон Логан, ја раскажува приказната за суперѕвездата која почина во 2009 на 50 години. Синот на Џермејн Џексон, постариот брат на Мајкл Џексон, беше избран да ја игра главната улога.

„Собравме неверојатен тим уметници за овој проект и некои кои го познаваа и работеа со Мајкл повторно се обединуваат за овој филм. Но, Џафар е тој кој го отелотворува Мајкл. Тоа ја надминува физичката сличност. Тоа е духот на Мајкл. Мора да го доживеете за да верувате во тоа“, кажа Фукуа.

Во филмот играат и Мајлс Телер, Колман Доминго и Нија Лонг.

Минатата недела беше објавено дека филмот со буџет од 150 милиони долари наишол на прилично голема пречка.