ПРЕКИНАТО СНИМАЊЕТО НА „БЕТМЕН“ ОТИ ПАТИНСОН Е ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС

Лондон, (Ројтерс)

Снимањето на новиот филм за Бетмен е привремено прекинато откако главниот актер Роберт Патинсон имал позитивен тест на коронавирус, што ги нагласи проблемите на филмската индустрија да се врати во бизнисот по неколкумесечното затворање поради пандемијата.

„Снимањето е привремено паузирано“, објави „Ворнер брос“, не откривајќи кој член на продукцијата е заразен.

Сепак, сите релевантни холивудски медиуми објавија дека станува збор за Патинсон, кој ја игра насловната улога во „The Batman“.

Снимањето на филмот стартуваше во Глазгов во почетокот на годината, пред да биде запрено од коронавирусот. Позитивниот тест на 34-годишниот британски актер доаѓа само четири дена откако снимањето продолжи во Лондон.

Бетмен“ оригинално требаше да излезе во јуни 2021, но премиерата е поместена во октомври.