ПРЕМИЕРА НА „ПС БУСАН“, КРАТКИОТ ФИЛМ НА САША СТАНИШИЌ СНИМЕН ВО ЈУЖНА КОРЕЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Новиот краток игран филм на Саша Станишиќ, „ПС Бусан“, ќе има македонска премиера вечерва во мултимедијалниот простор „Кафе и филм Котур” во Скопје. Проекцијата е дел од четвртото издание на фестивалот на филм и музика „Ѕирни“, кој трае до 10 октомври.

Филмот е јужнокорејска продукција, што Станишиќ го сними за време на неговиот тринеделен престој во Бусан во 2019 година. Снимен е на корејски јазик, со целосно корејска екипа.

Главен лик е 40-годишниот самец Гу, кој работи 60 часа неделно. Еднаш во неколку месеци, тој има слободен ден, кога конечно може да биде она што сака.

Светската премиера на филмот беше на Интерсити фестивалот во Бусан.