ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА „ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ“ ИЗЛЕГУВА ВО ПОЧЕТОКОТ НA 2020

Лос Анџелес, (Вараети)

Долго најавуваното продолжение на „Големиот Лебовски“ доби нов наслов и би требало да излезе во почетокот на следната година.

Насловен „The Jesus Rolls“, тој ќе се фокусира на ликот на Хесус Кинтана, што во еден од омилените филмови на браќата Коен го играше Џон Тортуро. Освен што ќе ја повтори оваа улога, Тортуро е и режисер и сценарист на филмот. Тортуро неодамна изјави дека монтажата на филмот е конечно завршена и дека сега има пронајдено и дистрибутер.

Во филмот, кој важи за спиноф на „Големиот Лебовски“, играат и Сузан Сарандон, Одри Тоту, Боби Канавале, Џон Хем и Пит Дејвидсон.

Монтажата на филмот траеше подолго од очекуваното, но среќен сум со конечната верзија. Ова е комедија, но многу човечка комедија, која покажува колку глупави можат да бидат мажите. Жените се многу посилни ликови во филмот“, вели Тортуро.