ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА „ЦРНИОТ ПАНТЕР“ ЌЕ БИДЕ ЗА ЖЕНИТЕ НА ВАКАНДА, НАЈАВИ РЕЖИСЕРОТ КУГЛЕР

Кан, (Ел)

Режисерот на „Црниот Пантер“, Рајан Куглер, изјави дека би сакал да сними продолжение на големиот хит на светските кино благајни.

Одговарајќи на новинарски прашања за време на Канскиот филмски фестивал, Куглер рече дека е многу веројатно дека Марвел ќе направи продолженија, а еден од тие филмови може да се фокусира на жените од Ваканда.

„Тоа би било неверојатно, ако се појави можност. Неодамна го направија тоа со стрип верзијата”, рече тој.

Тој продолжи да ги фали жените во актерската екипа на „Црниот Пантер“, Лупита Нјонго, Данај Гурира и Летиција Рајт.

„Ги имаме овие актерки кои можат да носат свој филм“, рече тој.