ПРВИОТ БОНД ПИШТОЛ НА ШОН КОНЕРИ СЕ ПРОДАДЕ ЗА 256.000 ДОЛАРИ

Лос Анџелес, (ДПА)

Пиштолот што Шон Конери го користеше во првиот филм за Џејмс Бонд се продаде на аукција во Беверли Хилс за 256.000 долари, надминувајќи ја првично предвидената цена од 150-200.000 долари.

Пиштолот „валтер ПП“ се појави во филмот „Др. Но“ од 1962, во првото појавување на Конери како тајниот агент 007, а воедно и прв филм од франшизата.

Купувачот сакал да остане анонимен, но аукциската куќа „Џулеин“ рече дека станува збор за Американец кој ги има гледано сите Бонд филмови заедно со неговите деца.

Конери почина на 90 години во октомври на Бахами. Тој го играше британскиот таен агент седум пати во периодот од 1962 до 1983 година.