РЕВИЈА НА КРАТКИ ФИЛМОВИ НА САША СТАНИШИЌ ВО КАФУЛЕТО „КОТУР“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

По Игор Иванов-Изи, кафулето „Котур“ во центарот на Скопје вечерва организира ревија на кратки филмови на режисерот и продуцент Саша Станишиќ.

Ревијата ќе опфати три филма. „Митот за Сара“ потсетува на настапот на легендарната француска актерка Сара Бернард пред француските војници на Македонскиот фронт во близина на Битола во 1917 година. „Мангава диско панк“ е приказна за првиот панк рок бенд од Шутка, а третиот филм „Долу од рајот“ е за 15-годишна девојка која на членовите на своето семејство на шега почнува да им праќа пораки од телефонот на нејзиниот покоен дедо.

Проекциите почнуваат во 20.30 часот.